РАК
Ако сте решени да освоите Рак, секако тоа немојте да го правите фрлајќи му се во прегратка со блуден поглед. Мора да бидете поитри. Личноста родена во знакот на Рак очекува да покажете интересирање за неа, без наметливост, но затоа со многу топлина и разбирање. Вашето присуство мора да влева сигурност, а нежноста и трпението се најдобрите адути ако сакате да го освоите и задржите Ракот. Меѓутоа, водете сметка дека е многу важно да ги оставите во уверување дека тие го водат главниот збор. Кога чувствата се во прашање, оставете некои работи да останат недоискажани. Малку тајна не е на одмет, а освен тоа Ракот без илузија секако ќе одлета.
За Раковите кои се прават луди и се однесуваат пасивно, применете друга тактика. Ракот секако не е тешко да го намамите во топлиот дом, но сепак за тоа треба добро да размислите навреме. Затоа што и ракот кој ништо не барал, кога еднаш ќе влезе во игра нема лесно да се согласи да биде избркан. “Кога толку ме сакал, сега нека ме трпи” - тоа ќе биде логиката кон која ќе се придржува Ракот.
Да го сочувате Ракот треба да му обезбедите покрив над главата, многу нежност и пред се сигурност. Ракот секогаш се враќа во крилото кое го заштитува, кое му ги простува хировите, кое понекогаш ја прифаќа и неговата непостојаност. Тоа сепак не значи дека треба да бидете попустливи или привидно рамнодушни, спротивно на Ракот му е потребна цврста рака од која ќе се плаши и која ќе го натера да се одлучи. Но секако најсигурен начин Ракот да го врзете за себе за цел живот е да му подарите дете. За тоа е подготвен да ви го подари целиот живот.